петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Повеќе од 40 поранешни функционери сакаат да бидат членови на ДИК

Меѓу пријавените е поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко, поранешниот пратеник од СДСМ Јанаќе Витановски, кој сега е раководител во администрацијата на ДИК, како и поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Дерковски и Светлана Карапетрова.

Меѓу кандидатите има и други познати имиња, како на пример Марина Наќева Кавракова, која беше претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Југослав Миленковиќ, кој беше портпарол на Уставниот суд, Чедомир Дамјановски, поранешен член на Комисијата за лустрација…

Инаку, Собранието треба да избере четворица членови на ДИК од мнозинството и тројца од опозицијата, од каде што ќе биде и претседателот на Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top