недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 24 ново

Инцидент во скопска кафеана: Пијана жена кршела чаши, чинии, влечела чаршафи, обезбедувањето морало да интервенира

Средовечна жена во четвртокот предизвикала неред во скопска кафеана, откако се опила па ги вознемирувала гостите во локалот. Проблематичната скопјанка кршела чаши и чинии, а убедувањата на вработените ја да го напушти објектот не биле успешни.

На интервенцијата по барање на сопственикот, а од страна на обезбедувањет, скопјанката се спротивставувала, навредувала но заминала од локалот. Тоа не траело долго, па таа за 30 минути повторно се вратила и продолжила со своето недолично однесување.

Околу 20 часот обезбеднувањето повторно било повикано да ја смири ситуацијата, а жената ги влечела чаршафи од масите и ги туркала масите, па тие биле приморани по втор пат гостинката да ја отстранат од локалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top