петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Мајката згрозена – го фатила синот гол како има секс со педагогот од неговото средно училиште!

Уште еден проблем на педофилија и сексуален однос н работно место ја потресе јавноста. Станува збор за вработена на позицијата педагог во средно училиште со локација во Тексас, којашто имала сексуален однос со ученик, а за време на чинот ги затекнала голи, мајката на тинејџерот.

Полицијата во Бедфорд во мај била известена за неприкладното однесување на 33 – годишната Шенон Хатавеј и ученикот. Според истражувањето на полицијата било откриено дека средношколецот бил во врска со Шенон уште кога имал 17 години.

Шенон била заљубена во ученикот и сакала да го остави сопругот поради него.

Но, тинејџерот бил принуден да ја прекине оваа врска, откако мајка му го фатила гол во кревет со педагогот од неговото средно училиште. Скандалот бил пријавен во полиција од страна на неговата сестра. После истрагата бил издаден налог за нејзино апсење, но таа се предала самата откако дала отказ на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top