вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Новороденче најдено покрај пат во коприви: Утринава почина во болница во Лесковец

Новороденче кое вчера беше најдено помеѓу коприви покрај планински пат кон селото Оргулица, утринава почина.

Полицијата ја пронашла 32- годишната М.С за која се сомневаат дека го оставила женското бебе веднаш после раѓање, иако таа тоа го негира, но според српските медиуми, медицински тим веќе утврдил дека ртаа неодамна се породила.

Таа се наоѓа во болница во Лесковец и моментално е под полициски надзор.

Според сведоштво на лекарите, евето било пренесено во болница во многу лоша состојба, и утринава дошло до компликации и починало.

-Нашиот персонал даде се од себе за да ја спаси, но за жал не успеа- рекол директорот на болницата во Лесковец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top