среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 60 ново

Таравари ќе отвара градинка во училиште чие што име е испишано само на албански јазик, што е спротивно на законот

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе отвара градинка во училиште во селото Форино, Гостивар на кое, спротивно на
законот, стои табла испишана само на албански јазик.

Во Законот за употреба на јазиците, што на 11 јануари беше изгласан во Собранието, а уште не е стапен на сила, во член 7 стои:

„(1) Називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции и нивните подрачни
единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

(2) Во подрачните канцеларии на органите од државната администрација кои покриваат најмалку една единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, називите на канцелариите ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо“.

емагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top