понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 64 ново

Мисица пронајдена мртва во нејзиниот стан

Британската мисица и ѕвезда на реално шоу Софи Градон беше најдена мртва во нејзиниот стан, соопшти полицијата и додаде дека засега нема знаци дека се работи за насилна смрт.

Тажната вест за смртта на мисицата прв ја објави нејзиниот дечко Арон Армстронг на Facebook.

-Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка. Многу те сакам, ти си мојот свет засекогаш, напиша Арон, а во коментарите се редеа пораки со сочувство и поддршка.

Американските медиуми пишуваат за смртта на 32-годишната Градон која пред само неколку месеци откри дека се бори со депресија.

Софи се прослави во 2010 година кога победи на Изборот за Мис Британија, а по ангажманите како модел, стана ѕвезда на реалното шоу Love Island каде ги освои срцата на гледачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top