среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 60 ново

Не очекува нагла промена на времето: Внимавајте на мачнини, болки во коските, несоница и нервоза

Метеоролозите предупредуваат дека се наоѓаме пред нагла и ГОЛЕМА промена на времето, температурите на воздухот за многу кратко време ќе опаднат дури за повеќе од 10 степени а тоа многу лошо ќе влијае врз граѓаните особено врз метеопатите, па така кај истите ќе започне мачнина како и болки во коските и на местата од старите рани а исто така кај дел од метеопатите можна е и несоница како и повремена нервоза.

Сето ова може лошо да влијае и врз притисокот на човекот.

Во случај на здравствени проблеми поради временските услови ве советуваме да се јавите кај својот лекар за совет.

Се поблиску до нас е студениот моќен фронт од север кој е поврзан со циклонот СИЛВИЈА.

Денес (петок) во текот на претпладнето времето во државава ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност додека од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе започне развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Доцна попладне и навечер на повеќе места ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне спуштање на значително постудена воздушна маса која за кратко време температурите на воздухот ќе ги спушти дури и за повеќе од 10 степени.

Поради наглото заладување на времето не се исклучува можноста на највисоките планински врвови особено на северозападот од државава во текот на утрешната ноќ кон сабота и во сабота да провее малку снег.

Максималните температури на воздухот во текот на денешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека навечер и во текот на ноќта кон утрешниот саботен ден МНОГУ ЌЕ ОПАДНАТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top