понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Македонски и грчки тинејџери се степале во Грција поради името

Македонски тинејџери на 17-18 годишна возраст кои учествувале на летниот подготвителен ракометен камп на поранешната ракометарка Андријана Будимир, во Неи Пори, Грција, физички се пресметале со грчките врсници поради името, објави „Макфакс“ повикувајќи се на на извори блиски до настраданите млади ракометари.

До тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло откако жена, Гркиња, ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски во локалната играчница, по што им пришла и ги прашала од каде се. Откако тинејџерите и одговориле дека се од Македонија, таа почнала да се расправа со нив околу името, а кратко потоа повикала група грчки тинејџери по што започнала жестока тепачка помеѓу двете групи која завршила со потешки повреди.

Инцидентот завршил откако полицијата која била повикана од некој од очевидците кои присуствувале на настанот, интервенирала по што биле раздвоени двете групи.

По враќањето од Грција, дел од младите ракометари завршиле во болница каде им биле констатирани телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top