понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Колку милиони ќе треба граѓаните за 30 години да платат за обврзницата?

Дали си направил виничка трговија кога се фалиш дека си се задолжил по супер услови, а при тоа не кажеш дека треба граѓаните за 30 години да платат 28,25 милиони евра камати на долг од 19,42 милиони евра? Секоја година до 2048-та ќе плаќаме по 941.750 евра камата на оваа позајмица, нека е со среќа, пишува фактор.мк

Првата 30 годишна државна обврзница со која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари односно 19,42 милиони евра ќе ги чини македонските граѓани – даночни обврзници 28,25 милиони евра односно 1,746 милијарди денари кои 30 години ќе ги враќаме за камата на 30 годишната државна обврзница.

Оваа обврзница беше издадена на 24 април 2018 година со аукциски код DO2018/11-0448дк. На аукцијата на која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари со годишна каматна стапка од 4,85 отсто. На аукцијата имаше огормен интерес и вкупниот износ на понуди беше 2,27 милијарди денари.

Интересот на инвеститорите е многу логичен кога ќе се пресмета износот на камата на годишно ниво изнесува 58,2 милиони денари односно 941.750 евра!

Ова е првата 30 годишна државна обврзница што ја издаде Република Македонија.

Вкупната изложеност на државата по основ на државните обврзници и записи заклучно со 7 јуни годинава (последна состојба) изнесува 94,193 милијарди денари односно над 1,5 милијарди евра. Во структурата на обврзници најголемо е учеството на едногодишните записи со 37,18 милијарди денари, потоа следува 15 годишната обврзница и тоа изнесува 26,06 милијарди денари. Потоа следува 5 годишната обврзница со 8,73 милијарди денари, 10 годишната обврзница со 8,48 милијарди денари и останатите, а двегодишната изнесува 8,33 милијарди денари. Целата структура може да ја видите на сајтот на Министерството за финансии на табот „Реализирани аукции на ДХВ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top