вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

Мицкоски: Единствен виновник за антидржавната политика е Зоран Заев

Единствен виновник за се ова што и се случува на Македонија, без разлика на етникумите кои живеат во Република Македонија има име и презиме, а тоа е Зоран Заев, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Телевизија Алсат-М.

Вели дека не се точни обвинувањата за националистички пароли и скандирања на протестите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски посочува дека на двата протести кои партијата ги организираше во последниот период не беа забележани такви работи.

– Кога имало во минатото, јас сум бил сведок, и во тој период бев дел од Извршниот комитет, на еден или два протести, кога се слушнале такви извици, ние како политичка партија сме се оградиле од истите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top