понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 64 ново

Франција смета дека преговори во јуни не се можни

Продолжуваат расправите помеѓу земјите членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција. Иако за сега во нацрт заклучоците останува стартот на преговори со Македонија, битката не е извојувана, информираат дипломатски извори во Брисел за МИА.

Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите. Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни. Став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името.

Меѓу најгласните во одбрана на старт на преговори е Бугарија, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, и која исто така оценува дека преговори со Македонија во јуни ќе донесе и „престиж“ за нејзиното претседателство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top