понеделник, 12 ноември 2018 | Вести денес: 86 ново

Трагедија во Струга: Шестгодишно девојче паднало од тераса, починало на лице место

Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид. Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година.

По добивање на информацијата, според него, формирана била увидна екипа и Јавен обвинител излегле на по што излезено е на местото на настанот.

– Констатирано е дека малолетното девојче било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хирургија при Општата болница во Струга, појасни Димоски.

Во струшката болница била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top