недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 23 ново

Пожарот во Велес можеби бил подметнат

Не е исклучена можноста да бил подметнат пожарот во трошната куќа во Велес во кој загинаа три дечиња, јавува екипата на 1ТВ. Од импровизираната трошна куќа, која е на непристапен терен, веќе нема останато ништо. Во неа немало ниту вода, ниту струја и засега не е јасно како настанал пожарот.

Од пожарната и полицијата не го исклучуваат човечкиот фактор како причина и не отфрлаат можноста пожарот да е подметнат. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, пожарот избил откако родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница.

Екипата на 1Тв што се уште е на терен, јавува дека таткото не сакал да даде изјава пред камера, но ја обвинува држвата бидејќи не им помогнала кога барале помош. Вели дека ова не било првпат да ги остават децата сами, бидејќи немало кој да им помогне. Соседите кои повикале противпожарна екипа, раскажуваат дека не ги познаваат родителите, кои таму живееле околу 2 години.

Раскажуваат дека вчера било ужасно – полнеле вода од соседните куќи кои се на 100-тина метри и се обидувале да им помагаат на пожарникарите во гасењето на пожарот. Никој не знаел дека децата на возраст од една, две и четири години, се внатре додека не дошле родителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top