вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

Празник на липите: Поетски митинг и читање песни и есеи испратени на конкурс на ДПМ

Друштвото на писатели на Македонија денеска ја одржува традиционалната манифестација „Празник на липите“. Во свечениот дел без врачени наградите „Книжевно жезло“ за исклучителен поетски опус на домашниот автор Видое Видичевски и на поетот од Романија Ѓеорѓе Добре.

За поезијата на Видичевски говореше Раде Силјан, а за поезијата на Добре – Ермис Лафазановски. Исто така, на манифестацијата се врачува и награда и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитник на наградата „Даница Ручигај“  за изминатата година.

Подоцна следува поетскиот митинг на кој ќе бидат читани песни и есеи испратени на анонимниот конкурс на ДПМ и ќе бидат врачени плакети на авторите чии дела се избрани како најуспешни од страна на стручното жири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top