вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 106 ново

Убиена е познатата турска пејачка Хаџер Тулу во ноќен клуб во Бодрум

Популарната турска пејачка Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во близина на познатото летувалиште Бодрум каде дошло до вооружен инцидент.

40 годишната Тулу е едно од двете убиени лица во масакрот, а четворица беа повредени, објавија локалните медиуми. Доктори на итната медицинска помош се обиделе да ја спасат, но безуспешно. , Втората жртва е сопственикот на клубот „Медуза“каде што се случило убиството, Мехмет Али Суренсој, додека пак повредени се уште четири лица.

Според локалните медиуми, пукано е од автомобил во движење.

Полицијата досега уапсила четири лица.

Хаџер Тулу во Турција беше многу популарна, а на Инстаграм има повеќе од 50.000 следбеници.

 

извор: ako.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top