понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 52 ново

„Силвија“ носи драстичен пад на температурите: Поројни врнежи, грмежи и невреме

Од утре доцна попладне и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне да се спушта значително постуден воздух.

Попладнето и вечерта ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Преку денот температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека навечер и во текот на ноќта кон сабота ќе бележат тенденција на ДРАСТИЧЕН ПАД (за повеќе од 10 степени).

Значителното посвежо време ќе трае и за време на викендот а температурите на воздухот ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината а исто така ќе има и локални врнежи од дожд особено во сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top