недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 16 ново

Каде оди денешното судство?

 Јасминка Дамческа

Колку вредат човечките животи? Вреди ли еден автомобил повеќе од човечките животи? Или тоа е само изговор?

Правниот систем денес, таков каков што е, управуван со далечински управувач директно од Илинденска бб и под диригентската палка на еден аболициран политичар и неговите пајташи, влезе во утробата на Македонската жена. Директно во матката, со сиот расположлив арсенал на неконвенционално оружје, кое го поседува, па дури и со озрачени умови кои можат да му конкурираат и на најозлогласениот експерименталист во помодерното општество, Менгеле. До кој степен се понижува и се омаловажува човечкото битие.Каде се правата на жената? Каде е правото на детето? Каде е правото на семејството? Каде се човековите права? Тука, сега, тие не постојат. А од друга страна, зборуваме за демократско општество, зборуваме за правна држава?

Правниот систем влезе во семејствата на луѓето кои посветено, одговорно ја издигнуваа Македонија на високи рамништа. Целта му е да уништи цели семејства, луѓе со интегритет, кои се силата на оваа земја, само за да ги исполнат завештенијата што ги имаат дадено на темните зли сили кои не ни мислат добро.

Овој прогон не е ништо друго, но пуста удбашка желба да го уништат се она што клика на македонски, да го уништат секој оној кој интелектуално ги надминува нив, просечните предавнички умови. Да ги разорат семејствата во кои се негува Македонија. Да ја распараат надолж и попреку татковината ни наша, измачувајќи ги најдобрите нејзини чеда. Чедата кои стануваат и заспиваат со идеалот за напредна и просперитетна Македонија, за среќен и силен Македонски народ и народ со самодоверба.

Диригираниот правен систем преку низа креирани политички случаи сака да ги уништи квалитетните и силни луѓе. Луѓе кои работеа за интересите на нашата држава, луѓе кои работеа за интересите на народните маси. Луѓе кои поминаа ноќи непроспиени за да реализираат илјадници проекти, градинки, училишта, патишта, болници, уметнички зданија, автопати! Луѓето кои ја правеа  и ја градеа државата Македонија. Македонија со која сакаа да не’ направат горди.

“Тенк” е мерцедесот што е купен за потребите на Република Македонија.

Или “тенк” е реквизитот со којшто, оваа власт гази по живи луѓе?

Креираното дело “тенк”, кое има за цел да ја замајува македонската јавност деновиве, а да го зташка најгрозното предавство што се врши врз македонскиот народ, енајголемиот срам за македонското судство.

Дали мерцедесот, некој си го однесе дома? Не. Тој автомобил е во употреба на сегашната Влада на Република Македонија и со него се возат актуелните властопрактикувачи, да не речам властосилувачи. Со тој автомобил ги повозија дузината странски емисари кои се прошетаа, божем да им дадат некаква поддршка, ама ова економијава никако да тргне. Ај што не оди напред, туку не тапка ни во место, ами се враќа наназад.

Една сериозна држава би требало да поседува неколку вакви автомобили и достоинственода ги обезбеди и домашните политичари, но и добронамерните странски функционери кои доаѓаат во посета на Република Македонија. Но, оваа Влада нема капацитет да купи нови вакви возила. Таа има капацитет да креира, да монтира случаи за поранешни функционери, базирани на правно неиздржани аргументи, да измислува процеси, да врши тортура, да се пикне во домовите на тие луѓе, да врши психолошко насилство врз нив и врз нивните семејства, врз нивните деца, па дури и да буричка во утробата на неродените. Во таква ли држава треба да живееме? Наместо економија и напредок, наместо развој, сегашната власт ни нуди пропаст. И ни треба ли одговор зошто младите се иселуваат? Младите барат сигурност и правна држава.

Дали судиите и обвинителите во македонскиот правен систем ја познаваат Конвенцијата за правата на децата? И ако ја познаваат, зошто свесно ја кршат?

Дали знаат за постоењето на презумпцијата на невиност? И ако ја знаат зошто свесно ја кршат?

Или задоеноста со одмаздничко млеко епосилна од професионалноста? Политичката потчинетост или потчинетоста за повисока функција, за други придобивки се посилни од човечките принципи што треба да ги поседува една личност.  И сепрашувам нели е ова криминал? Да. Ова е криминал.

Или останува онаа старата поговорка: Homo hominis lupus est.

Ама нешто многу волци сенакотиле вопоследно време тука во мојата татковина Македонија. И ријат, влечат човечко месо,човечки судбини. Диво си е диво. Диво племе, диво месо!

Само се си мислам дека еден ден ќе се обдујат од таа крволочност, ќе им се подуе мевот, ќе попукаат по сите шавови и ќе останат на буништето на историјата само проста храна за грабливците, што сега сеирот им го гледаат.

Канибализмот денес е во мода. Канибализам или садизам?

Но на крајот се уплашија. Стравот е сознанието за нечесна примена на законите. Побараа неприродна заштита.

Но, колку и стотици или илјадници полицајци да ги бранат нив, нивните семејства и нивните домови, сепак само едно да знаат, од Бог не можат да се одбранат. Долга е чесната Господова рака, забава, но не заборава!

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top