понеделник, 12 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Трамп потпиша извршен указ: Семејствата на мигрантите повеќе нема да бидат разделени

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршен указ за семејствата имигранти кои нелегално ќе преминат преку јужната граница на САД, кој овозможува да останат заедно додека се чека исходот од постапката за имиграција.

Говорејќи во Белата куќа, Трамп изјави дека ќе ја продолжи политиката на “нулта толеранција”, што значи гонење на возрасни, кои се фатени како преминуваат граница илегално.

Целта на Указот е да ги задржат семејствата во притвор, да ги забрзаат нивните случаеви и да побараат од Министерството за одбрана да помогне да се најде семејно сместување, рече АП.

Американскиот претседател рече дека не му се допаѓа сцената каде што децата се одвоени од нивните семејства.

Во Претставничкиот дом треба да гласаат утре, како што беше најавено, на два нацрт-закони во насока на спречување на практиката на двоење н

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top