петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Либерија го повлече признавањето на независноста на Косово

Министерот за надворешни работи на Либерија Гбезонгар Милтон Финдли му врачи вчера на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ нота со која Либерија ја информира Србија дека го поништила своето признавање на независноста на Косово.

Дачиќ изјави дека одлуката на Либерија е многу важна за Србија, бидејќи покажува дека процесот и дијалогот сѐ уште траат.

Во нотата пишува дека таа одлука ќе остане на сила сѐ до завршувањето на преговорите под покровителство на ЕУ за нормализација на односите на Белград и Приштина.

Либерија го признала Косово врз основа на сознанието дека Белград не е спремен да преговара со јужната покраина, се наведува во нотата која беше претставена на конференција за новинарите на Дачиќ и Финдли.

Се додава дека Либерија ќе го почитува договореното меѓу Белград и Приштина, и ќе гласа во корист на договореното решение во Обединетите нации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top