петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Македонија загубила добиена позиција – Алфа ТВ објави ексклузивни документи од преговорите (ФОТО + ВИДЕО)

Македонија е единствената земја на светот која што прифатила странска држава да и го менува Уставот и со тоа целосниот идентитет на нацијата, граѓаните и културата. Екслузивно Алфа дознава досега необјавени документи од преговорите за името. Во нив се открива дали премиерот и владата ја говорат вистината кога зборуваат за огромен успех во зачувување на макеоднскиот идентитет, именување на нацијата и јазикот.

Какви биле позициите на на Македонија и на Грција во однос на јазикот и нацијата, за кои Заев сега тврди дека е извојувана голема победа.

Од документите на ОН се гледа дека за нив воопшто не е преговарано, затоа што светската организација утврдила дека тие не можат да бидат предмет на пеговори.

Документ на Советот за безбедност на ООН од 13 август 2001 година

Истото се потврдува и во документ од оваа година. Комуникација меѓу овластени лица на светската организација и грчкиот преговарачки тим.

Советот за безбедност дава потврда на македонскиот идентитет и јасно е дека сега се манипулира со огромна историска победа и заштита на нашиот идентитет, којшто никој не можел да ни го одземе ако македонската страна била барем малку разумна.

Во преговарачки материјали од 2008 година најдобро се гледа апсурдната ситуација во која Македонија загубила добиена битка. Во нив јасно е наведено дека името на нацијата е македонска, а јазикот македонски. Ова е многу важно, затоа што јазикот и придавката како и националноста не се предмет на преговори. Според забелешката на ОН воопшто не треба да бидат дел од формален договор.

Уште од тогаш, според ОН, Грција нема простор да се противи на употребата на „македонски“ за т.н. идентитетски прашања на неексклузивна основа, нешто што сега премиерот ни го прикажува како голема победа иако тој практично се согласил да се прекрши позицијата на ОН со профаќање на двојната формулација македонски и граѓанин на Република Северна Македонија.

Од документите се гледа дека Македонија ги прифатила сите барања на Грција, а не опстанала на ниту една од своите позиции градени упте од 1991 година.  Во овој контест принципот ерга омнес е еден од најголемите апсурди во целиот пакет.

Македонија не прифатила само класична дефиниција на ерга омнес која се користи во меѓународна комуникација, туку се согласила на прошурена употреба, ккава што досега не е забележана во историјата на меѓународното право.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top