сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Михајловски: Ги повикувам пратениците на СДСМ да го напуштат Собранието и да застанат во одбрана на Македонија

“Ги повикувам пратениците на СДСМ да го напуштат Собранието и да застанат во одбрана на Македонија и националните интереси. Ги повикувам членовите на СДСМ да излезат на улица, и да застанат во одбрана на Македонија и националните интереси, стекнати права, историја, култура, јазик, име”. Ги повикувам шарам-барам револуционерите да ја земат работана во свои раце.
Прочитавте вакво нешто некаде? Нема ни да прочитате. Другата страна ниту повикува, ниту пак некој за нешто ја повикува. Нема дури ни повик за прослава на историскиот договор за самоуништување. Нивните перјаници, пера и мудреци се сложуваат и одобруваат кај што ќе стигнат, а стигаат секаде. Со исклучок на светски познатиот ни режисер Мистер Мијаги, како да владее “Единствено единство на политичките политики за заедничкото заедништво и идната иднина”, што би рекол еден мудар политичар пред 28 години. Имаат еден лидер, а тој е и официјален лидер на државата и народот. Знам, и мене не ми е, ама е Премиер. Не е изгласан од мнозинството и не победи на избори, ама ете и така може. Ама да бидеме искрени, не се малку тие што го гласале. Го изгласале 350 000 Македонци, спремни сега да станат СеverниодМакеdonци. Верувам дека барем половината се излажале, и дека барем половината од неговото членство не се сложува со ова што го прави. Но молчат. Го гласале и 90 000 Албанци за кои едно е сигурно. Ќе си останат Албанци.
Ве зачудува фактот што сите албански партии, и видни поединци, го подржуваат договорот и откажувањето од Македонија? Мене не. Единството, и покрај сите разлики, е најдобар гарант за опстојување на еден народ и неговата земја. И ако може сите да се под исто знаме, име и во иста земја е најубаво. Можеби не е модерно, но е многу корисно. И на некои очигледно добро им оди во реализирање на таа цел.

Нам, на Македонците, таа идеја па дури и постоењето во минатото, ни е забранета и укината со потпис на македонски Премиер.
Се води отворена, хибридна борба за финален геноцид врз она што преживеало, а не требало. Нешто што никнало буквално од својата пепел и на урнатините на сопственото самоуништување.
Валкана борба. И во таа борба има три страни.
Првата страна сака да се откаже од сé. Да почне од едно големо Ништо и тие да бидат Први. Во сé. Да почнат со нов народ, со ново име, нова Вера, нова Библија, нови шарени војни, револуции и шарени генерали. Во некоја нова држава.
Втората страна, сака да си го исполни сонот за обединување и сочувување на на националните интереси, култура, име, јазик, историја и народ. Но во друга држава.
Првата и втората страна работат заедно. Секако втората страна ја третира првата страна како корисен идиот за да стигне до целта.
Третата страна, е онаа што сака да сочува се како што е и до сега по прашањето на Македонија и Македонците. Да и биде полн стомакот, но да го задржи достоинството и честа. Да оди напред, но да знае од каде доаѓа и како и е сега. Да продолжи да ги сака дури и освојувачите од минатото, а да не дозволи да дојдат нови. Да се бори за својата слобода, и да се повикува на кого сака од минатото за своето постоење. За жал таа страна е раскарана меѓу себе. Има иста идеја но не се обединува околу неа. Неко меџу нама није наш, шо би рекол Премиерот, или Агим. Сеедно. Некој мести, користи, гради кариера, заведува, разјадува, демотивира, кодоши, лаже, соработува со првата и втората страна, се пазари, се продава, и после тоа му го префрла на некој друг. Не на било кој друг. На најчесниот. Колку што има ножеви и кукавички јајца, нема гр’бје и гнезда. Тоа е проблемот на нас од третата страна. Внатрешна војна и поделба околу горе-доле, северно-јужно, иста идеја и во иста борба. Се дури тераме така, одработуваме во корист на првата и втората страна.
п.с. Има и четврта страна која нема своја страна. Тие се повеќе, настрана. И така од страна ги имаат казнето до сега сите три страни. Со давање или недавање глас. Никој не знае кои се, што се, и кај се. Како фантоми. Нивната борба се случува само на избори. Тогаш тие одлучуваат, без да поднесат одговорност. Прашање е само дали ќе има каде да ја остварат својата борба со пенкало во иднина.

Фејсбук статус на Тони Михајловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top