вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Како да постигнете оргазам и двајцата

30% жени имаат тешкотии во постигнување оргазам, а 80% имаат проблеми со оргазам при вагинален однос. 70% жени на возраст од 40 до 50 години постигнуваат оргазам за време на секс. Жените стануваат поискусни со текот на годините, посигурни се во себе и затоа повеќе уживаат во сексот. 67% жени и 25% мажи барем еднаш во животот одглумиле оргазам.

Не е тајна дека повеќето љубовни партнери не успеваат истовремено или заедно да постигнат оргазам. Оргазмот може да ја олесни болката, а отсуство на оргазам може да биде знак за сексуална дисфункција. Затоа, доколку посакувате да стигнете до оргазам за време на љубовната игра со партнерот, доволно е само да сте на иста бранова должина со него – сè  друго е можно со малку вежба…

Зајакнете ги вагиналните мускули

Клучот за контролирање на оргазмот лежи во вашата вагинална мускулатура. За среќа, оваа вежба не подразбира одење во вежбалница, можете да ја правите додека седите зад компјутерот или го чекате шанкерот да ви го приготви пијалакот. Едноставно, 10 пати стегнете ги и отпуштете ги вагиналните мускули, а при секое стегање задржете 5 секунди.

И тој нека вежба!

Убедете го партнерот да прави вежби за пубичната мускулатура, бидејќи така и двајцата ќе бидете во можност да управувате со мускулите и да забавите секогаш кога постои потреба за тоа.

Не заборавајте ја предиграта

Пред да помислите да ги усогласите оргазмите, потрудете се и двајцата да бидете на иста бранова должина. Ако тој сака секс набрзина, а вие размислувате за работата, шансите да се усогласите се минимални. Многу е важно пред самиот секс двајцата да одвоите време за романса и за предигра.

Дишете бавно

Паула Хал, секс-терапевтка, предлага да го контролирате дишењето за да дојдете до синхронизиран оргазам – длабоко вдишете при секое бавно движење. Ако дишењето стане хармонично, и вашите тела ќе станат исто така.

Сменете ја позата

Многу е важно да ја смените позата пред самиот оргазам. Кога ќе почувствувате дека сте блиску, наместете се во позицијата „доги стајл“, за да може тој да го стимулира вашиот клиторис. Слободно вклучете и вибратор во приказната – стимулација на клиторис + пенетрација = најбрза трка до оргазам! Ако не може да го следи вашето темпо, оставете го тој да ја диктира брзината некое време. Но ако тој е блиску до оргазам, а вие не сте, треба брзо да се исконтролира и нека го насочи своето внимание на вас.

Комуницирајте со бројки

Влечење на чаршафот и фрлање на перницата се доволен знак дека сте блиску до оргазам, но Паула советува да комуницирате со бројки на скала од 1 до 10 – тоа е одличен начин за постигнување заеднички оргазам. Притоа, 10 е моментот кога постигнувате оргазам. Прашајте се еден со друг на која скала се наоѓате, а потоа потрудете се да стигнете на исто ниво. Исто така, клучот лежи во контрола на пубичната мускулатура.

Препуштете се!

Кога двајцата ќе вреснете „10!“, вдишете длабоко и дозволете чувството да ве обзема полека. Можеби е тешко да се одолее и оргазмот да се врати повеќепати, но крајниот резултат е вреден да се обидете.

Немојте да се оптоварувате

Клучот за постигнување добар оргазам е опуштеноста. Колку поопуштено се чувствувате, толку повеќе ќе уживате во возењето – буквално. Не прескокнувајте ја предиграта, запомнете дека сакате секс што трае.

Забавете го

Доколку тој постојано брза, замолете го да забави, бидејќи во спротивно никогаш нема да дојдете до заеднички оргазам. Нека комбинира брзо и бавно темпо, истовремено играјќи си со вашиот клиторис. На тој начин си гарантирате задржување во играта, а тој ќе биде среќен што може да ве задоволи.

Избор: Убавина и здравје

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top