среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Хороскоп за 20 јуни: Денеска не смеете во ништо да верувате

Денеска е среда и Сонцето е на последното скалило на Близнаци што сугерира дека денес не би требало да се тргнува со никакви работи и договори, посебно финални. Овој степен со себе носи големо количество несигурни информации. Денеска не смеете во ништо да поверувате, се’ прифатете со голема резерва. Можни се и приказни на разни „шарлатани“ кои можат на прва топка да ви звучат привлечно, но сликата ќе ви биде многу пореална некој друг ден, па поради тоа не брзајте. Едноставно, преспијте пред да одлучите.
Секое добро.

Овен
Во средба со соработниците, не е отповеќе, да побарате нечија заштита и добар совет. Има работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. Нема потреба да забрзувате некои деловни ситуации.
Некој кај вас буди големо емотивно интересирање но и добро расположение. Новите настани ќе ви асоцираат на пријатни спомени.
Корегирајте ја исхраната.

Бик
Доколку се наоѓате во чувствителна фаза, препуштете им на своите соработници да се бават со покомпликувани задачи за кои е потребен поголем напор. Морате да имате добра проценка, кој може да ве замени во одлучувачките моменти.
Се обидувате да ја поместите границата почитувајќи различни ставови во емотивниот однос, но саканото лице покажува претерано самоволие.
Можна е главоболка.

Близнаци
Не треба да обрнувате внмание на нечии коментари. Се’ што правите е позитивна тенденција која остава добар впечаток на околината. Важно е да ги применувате испробаните рецепти кои гарантираат деловен успех и лично задоволство.
Смислувате начин да привлечете нечие емотивно внимание, но вашата љубовна тактика минува без одек. Бидете доволно мечтовити.
Можни се проблеми со зглобовите.

Рак
Нема потреба да се поведувате под нечие влијание или некој да ве залажува со погрешна приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех променете ја својата деловна позиција во правец кој повеќе одговара на вашите интереси и цели.
Во средбата со саканото лице дозволете си некоја омилена забава или различни содржини кои го потврдуваат вашиот добар вкус.
Одлично се чувствувате.

Лав
Доколку ве привлекува некоја таинствена ситуација неоходно е да прифатите и одреден деловен ризик кој произлегува од експерименталните потези. Реално проценете ги своите можости на различните страни.
Средбата со едно лице за вас претставува емотивно задоволство и уживање. За жал, тој емотивен врв бргу исчезнува.
Можни проблеми со забите.

Девица 
Својата околина се обидувате да ја импресионирате на различни начини. Важно е да привлечете нечие внимание и да го оправдате својот углед. Сепак, работите кои ги правите повеќе потсетуваат на преувеличување или на лична несигурност.
Наместо да размислувте за нечии маани, подобро е посериозно да го анализирате своето однесување и грешките кои сте ги направиле.
Нервозни сте.

Терезија
Имате добри идеи за унапредувње на деловните цели, но ви недостасуваат доверливи информации. Потребно е да се определите за практично решение и да сочувате добар однос со соработниците.
Во разговор со блиско лице постапувате според своја совест, неумереност во изразувањето на чувствата ве наведува на погрешно решение.
Добро се чувствувате.

Скорпија
Одбегнувајте претерано експонирање меѓу соработниците и немојте да зборувате за работи кои претставуваат потенцијален ризик за вашите деловни финансиски интереси. Секогаш постои фактор на изненадување и можност на промени, бидете мудри.
Склони сте кон чести промени на расположението и делувате несигурно пред саканото лице. Потребна ви е поголема емотивна поддршка.
Добро се чувствувате.

Стрелец
Потребна ви е дополнителна доза на внимание при деловните средби. Одбегнувајте ризик или купо-продажни трансакции. Искуството ве опоменува дека не треба да верувате на лице за кои вашите сорботници зборуваат во негативен контекст.
За жал, љубовта и задоволството не доаѓаат секогаш заедно. Некој заслужува приоритет. Сочувајте потребна нота на дискреција.
Напнатост.

Јарец
Положбата на Месечината влијае на Вашата емотивна чувствителност и на лошите процени. Важно е да направите листа на приоритети и да прифатите нечиј совет. Со дополнителна упорност можете да ги надминете ограничувањата кои ви ги поставуваат соработниците.
Нема потреба да одговарате на нечија емотивна провокација или предизвик.Останете воздржани, одбегнувајте конфликтни односи.
Повеќе одморајте се.

Водолија
Важно ви е да ги ускладите различните интересирања кои постојат меѓу соработниците. Сепак, секој од вас има свои приоритети и тешко се согласува на деловни отстапки. Потребна ви е дипломатска нота во обраќањето.
Нема потреба да ја повторувате приказната која не остава позитивен одек на саканото лице. Некој ве критикува поради однесувањето или мааните.
Добро се чувствувате.

Риби
Не можете да предвидите нечиј одговор на зададена тема или да воспоставите добар однос и комуникација со одредени соработници. Нема причина за расфрлување, има проблеми кои не се решаваат во првиот обид.
Партнерот упорно и без објаснување ги игнорира вашите идеи. Без оглед на својата тактика не можете да го остварите она што сте го наумиле.
Можни се проблеми со синусите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top