вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Откако го нема, и не бил толку добар: Зајачиците го покажаа валканиот веш на Хефнер (галерија)

„За да преживеам ноќ со него морав да бидам пијана и дрогирана. Тоа не можев да го одбегнам и тоа беше единствен начин да го направам тоа“, признала Кендра која вилата на Плејбој ја напуштила во 2009. година…
Окружен со многубројни убавици, секој ден, од наутро до навечер однадвор се чинело дека животот во вилата на Плејбој е идеален и’ за Хју Хефнер и’за зајачиците. Неполна година откако Хефнер починал во 92. година, зајачиците одлучиле да проговорат за темната страна на животот со него, во документарниот филм кој моментално се снима.

#scrapbooksaturday #atthemansion

A post shared by Hugh Hefner (@hughhefner) on

„Некои девојки одлучија да раскажат лоши работи за него. Слушнав дека многу од нив низменично биле со него во малечката соба. Некогаш држеше осум девојки, заробени во собата, кои го чекаа својот ред за секс. За среќа, јас успеав тоа да го одбегнам“, рекла зајачицата Карла Кои (28) која во разговор со медиумите го открила надоаѓачкиот документарец.

Хефнер важел за човек кој уживал во благодетите на животот, но очигледно знаел да претера што сега и’ јавноста ќе може да го види. Каков бил тој во своите четири ѕида и како се однесувал со зајачиците. Меѓу првите девојки кои јавно истапиле за односот на Хефнер со зајачиците била Холи Медисон (38) која во вилата минала седум години.

Holly Madison #playboymodel #hollymadison #playboybunnies #y2k #2000sfashion

A post shared by Princess ✨ (@cheetahgirl_00) on

„Морав да изгледам како животот да ми е совршен, бев ужасно несреќна. Вики во неговиот кревет донесуваше многу жени, колку повеќе ги имаше тоа значеше дека има помали шанси да биде со неа“, открила Холи која вистината за Хју Хефнер ја изнела уште пред три години во автобиографија.
Кендра Вилконсон (33) исто така бил една од бившите зајачици кои имале непријатно и по малку злоставувачко искуство со Хефнер.

„За да преживеам ноќ со него морав да бидам пијана и дрогирана. Тоа не можев да го одбегнам и тоа беше единствен начин да го направам тоа“, признала Кендра која вилата на Плејбој ја напуштила во 2009. година

Ова не е првпат да се снима документарен филм за Хефнер.
„Хју Хефнер:Плејбој, активист и бунтовник“ од 2009. година бил филм кој меѓу првите се обидел да го открие приватниот живот на Хефнер, но повеќе станувало збор за неговата борба со владата, религијата и феминистките.

За овој документарен филм ќе биде потребно да се најде глумец кој ќе го глуми Хефнер, а се нагаѓа дека тоа би можел да биде Џаред Лето (46), американскиот член на групата „Thirthy Seconds To Mars“ и глумец кој го глумел Џокер во филмот „Одред на отпишаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top