вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Докажано: Принцот Хари е најголемиот романтичар на целиот свет (Фото)

Принцот Хари заедно со својата сопруга Меган Маркл го доделија трофејот на џокејот Френки Деттори, а на бината не сакајќи Хари ја доби титулата за најголем кралски романтичар.

Фотографијата која вирално се прошири му донесе само позитивни коментари и комплименти на сметка на неговата внимателност.

Раката на Меган не ја пушта дури и кога е на должност, погледнете.

На славните коњски трки кои се организираат во Британија, познати како „Ројал Аскот“, се појави и Меган Маркл во друштво на сопругот, принцот Хари. Војвотката од Сасекс избра бел фустан-кошула со црни детали на „ „Живанши’ со мала чантичка од истиот бренд и шапка на славниот Филип Трејси. Француската модна куќа ја дизајнираше и венчаницата на Меган.

„Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што жените имаат можност да носат неверојатни креации на шапки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top