вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 100 ново

Засилено полициско обезбедување пред Собрание

И денеска, Собранието е под засилено полициско обезбедување каде се одржува пленарната седница за ратификација на договорот со името.

Иако нема официјално соопштение за одржување протест, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат и не се исклучува можноста денешната пленарна седница да биде проследена со протести против ратификација на Договорот со името.

Инаку, граѓаните и вчера самоиницијативно дојдоа пред Собранието да го искажат своето незадоволство од преговорите за промена на името и договорот со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top