среда, 18 јули 2018 | Вести денес: 77 ново

Експлозија на џип во движење на Јужен булевар: Загинал Синиша Милетиќ (ВИДЕО)

Возачот на џип марка ,,Тојота“, загина откако експлодираше бомба, кој најверојатно претходно била поставена во автомобилот, јавува РТС. Автомобилот експлодирал околу 13 часот додека стоел на семафор на прометна улица кај популарната Автокоманда во Белград, на Јужен булевар

Експлозија денес во Белград, според очевидците на местото на несреќата во автомобилот има мртво тело, а се работи за Синиша Милиќ.

45-годишниот Синиша Милиќ во Белград загинал во автомобилот марка „тојота” кој експлодирал најверојатно откако бомбата била активирана со далечински управувач или мобилен телефон.

Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали. Имено, бомбата била активирана кога тој стоел на црвено светло на семафор и во близина немало други автомобили. Најверојатно со ликвидацијата се сакало да нема и други жртви. Се смета дека бомбата била поставена под седиштето и насочена кон возачот.

Милиќ се поврзува со криминална група од Србија и имал дебело полициско досие.

Очевидците тврделе дека убиениот очајнички барал помош се додека не им подлегнал на повредите. Итната медицинска помош можела само да ја констатира смртта на Милиќ.

Гостите во блискиот локал рекле дека се се затресило наоколу, во моментот на експлозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top