понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Импичмент за Иванов ако не го потпише договорот

Премиерот Зоран Заев најави дека парламентарното мнозинство ќе побара импичмент на претседателот Ѓорге Иванов доколку тој не го потпише договорот за името со Грција, ако граѓаните на референдум се изјаснат позитивно.
Ова вечерва во емисијата „Само вистина” на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, објаснувајќи ги напорите за имплементацијата на Договорот со Грција.

Заев изјави дека ќе направи сè да ја спречи евентуалната блокада на Иванов на договорот за името.
„Парламентарното мнозинство ќе го зголемиме исклучиво за импичмент на претседателот. Ако мораме. Јас сум претседател на извршната власт, а таа е отчетна, одлучна во тоа што го прави. Само кажувам дека окрупнувањето ќе дојде до 2/3 мнозинство. Имавме бран на преговори, со некои се договоривме, со некои не. Заврши времето на пренамагање, на лажење, на лични калкулации и политички калкулантства. Македонија мора да излезе напред и конечно има шанса преку своите граѓани да одлучи каква иднина сака. Граѓаните ќе одлучат за тоа прашање. Ние сме тука да слушаме и да спроведуваме. Не се заканувам, јас сум чесен, но ќе ја отстранам секоја блокада, се што дава демократијата и институциите. Граѓаните треба да одлучат, Заев е само алатка во нивни раце, Заев овозможил со Димитров, Османи, Шеќеринска да дојдат граѓаните да одлучат и никако поинаку, ова се историски и вредни одлуки”, рече Заев.

– 3 минути беше средбата. Не можевме ни вода да се напиеме, немаше вода пред нас. Седнавме, тој беше со својот тим. Праша каде е договорот, му рековме дека се архивира во МНР, тој рече дека нема што да разговараме стана и си отиде. Претседателот станува и ние станавме. Никола ме погледна, што правиме, ќе си одиме..
– Се надевам дека нема да ги опстуира процесите кои следуваат, бидејќи граѓаните ги водат тие процеси. Да, има право да ги соопшти своите ставови, како и јас што имам право да ги соопштам моите ставови. Но, никој нема право да ги опструира процесите кои следуваат, посебно процеси каде граѓаните се изјаснуваат. Ако договорот биде попречен, не само што ќе биде попречен начинот на функционирање на парламентот, туку треба да го ослободиме парламентот. Еве сега е попречен за законот за јазици, па некое џебно вето. На крајот уште 170 пати може да биде попречен, ова не е закана, ова е должност инситуциите да функционираат, рече Премиерот Заев.
Заев верува дека ќе се даде шанса, а според него, Претседателот е должен да им даде шанса на процесите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top