петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 51 ново

И вечерва се протестира пред Собрание: „Името не го даваме“ и „Македонија на Македонците“ извикуваат демонстрантите

Со извици „името не го даваме ”, „Македонија на Македонците”, со патриотски песни, како и извикување на името на претеседателот на државата, вечерва продолжија протестите пред Собранието.

Граѓаните повторно излегоа на протест да го изразат својот револт по потпишувањето на договорот со Грција за преименување на името на државава во Република Северна Македонија. Тие порачаа дека „никој нема да не раздели и да не скара“.

Демонстантите повикуваа на смиреност и мирни протести и порачаа дека ќе бидат тука и дење и ноќе, се додека не падне оваа власт, а на импровизираната говорница граѓани го искажуваа својот револт.

Протестот почна во 20.00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.

Демонстрантите за утре во истото време закажаа нов протест пред Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top