петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение реагираат дека премиерот Заев продолжува со дрските и груби манипулации, по неговата изјава дека екс премиерот Груевски прифатил име со географска одредница, ерга омнес, уште во 2012 година.

-Тој иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки Премиер Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Тоа значи дека со договорот се задира и менува идентитетот на македонскиот народ. Зоран Заев не го демантираше ниту грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој кажа „не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена“. Ова значи дека со договорот се прифатени сите грчки барања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што реагираат од партијата, Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите:

-Зоран Заев е национална катастрофа за Република Македонија, цунами кое создава економски и политички пустош.

Резултатите на работата на оваа Влада се викаа О отсто раст, додека сите економии во Европа одат напред. Граѓаните живеат осиромашени со огромни сретства кои владата ги зема преку зголемената акциза на горива. Од џебот на граѓаните директно во буџетот на влдата која има потпросечно ниски инвестиции поради што нема економски развој.  Со Заев Македонија има најголем јавен државен долг во својата историја и тоа е потврдено.

Заев во изминатата година покажа дека оваа влада не сработи ништо и веќе е докажано дека нема да биде подобро, ниту за граѓаните, ниту за државата.

Затоа Зоран Заев мора да падне, за Македонија да оди напред и Македонија да победи, стои во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top