петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 78 ново

Брнабиќ: Србија никогаш нема да ја признае косовската независност

Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел.

Во интервју за „Велт“, таа додава дека „односите со Приштина за нас Србите се тешки и емоционални“.

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ направи храбар и одговорен чекор кога почна интеррегионален дијалог. До тогаш секој таков разговор беше табу. Косово беше Србија. Точка. Сега мора да најдеме компромис, Србија никогаш нема да го признае независно Косово. Тоа не би бил компромис. А, кога и понатаму би инсистирале дека Косово и припаѓа на Србија, компромисот не би бил можен – вели српската премиерка.

Таа додава дека двете страни мора да изелат од удобната зона на својот начин на размислување.

– Сметам дека Приштина до сега тоа не го направи – изјави Брнабиќ.

Таа потсети дека Приштина не почнала да спроведува ни дел од тој договор – формирање Заедница на српски општини и дека се зголемил бројот на напади врз Срби на Косово.

 

извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top