среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 7 ново

Го чека премија од 2 мил. долари: Клиперси ќе му го раскинат договорот на Теодосиќ

Српскиот кошаркар, Милош Теодосиќ е пред заминување од ЛА Клиперс откако раководството на клубот донело одлука да го раскине договорот една година пред неговото истекување. Теодосиќ минатото лето потпиша двогодишен договор со „клиперси“, но тимот има можност да го раскине истиот до 15 јули, а притоа треба да му плати на Теодосиќ 2,1 милион долари за предвремениот прекин на соработката.

Како што јавува „Спортандо“, управата на ЛА Клиперс се решава за ваков чекор за да отвори простор во селари-капот за доведување на суперѕвезда во своите редови, со надеж дека тоа ќе биде Каваи Ленард од Сан Антонио.

Теодосиќ беше најавен како големо засилување, но српскиот ас не ги оправда очекувањата поради честите проблеми со повредите, поради кои овој кошаркар пропушти 37 средби сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top