петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 56 ново

Треба да му се намочам на гробот на прадедо ми Коне Војводата што е илинденец?

Пола година фарбаа низ Скопје по споменици, го изобличија градов од креч, фрлаа куртони со боја по секоја институција. Ја блокираа илинденска два месеца, подоцна секоја раскрсница во најголемиот метеж беше блокирана секој ден.
Рандом палеа контињери, повредуваа џандари, вадеа посмртни слики, ја запалија канцеларија на претседателот, шкртаа кај стигнат, мочаа и краља и држава за да дојде демократијата, (читај да дојдат на власт), да завладее правото на гласот, и да “повторно” Македонија стане правна држава, или по нивни се бореа да падне режимот, а т.е курот ми го дупнаа две години. Политички ме отруја и мене и себе и своето јас и цела држава што ја држеа во заложништво! Се залагаа за слобода на медиумите, се колнеа дека нема да има двојазичност, промена на име, промена на устав, се колнеа во најмилото, во деца, во родители, потпишуваа преддоговори кај Иванов за да им даде мандат, се лигавеа по албански дијаспори а нашиве дијаспорци не им чинеа, се расправаа на политички постови дека ние сме забегани ако се спомнеше промена на устав и промена на име и двојазичност е тогаш не правеа будали и дека сето тоа е во нашата ни глава. Ветуваа слободни медиуми, 500 евра просечна плата, демократија и слобода. Наместо промени да донесат и место да се фатеа за работа и да направеа нешто арно за сите, тие ги извадија џандарите на улица да удрат со казни по народот, запослија нова гарнитура провинција, донесоа еден тон функционери нови сељачишта, а нивните градски деца што се бореа во истата револуција нив ги заборавија. (Исти курац ко претходниве). Сега кога нивните симпатизери што шљакаа по градов, тие истите што ме убедуваа дека нема да има двојазичност, тирански платформи, и промена на устав и име, сега ме убедуваат дека добро било да се воведе двојазичноста, супер сме биле да се викаме Северна Македонија, сега све е тоа cool, (денеска официјално ја закопаа Република Македонија). И сега ме убедуваат дека тоа морало да биде така, дека сме на портите пред рајот, и дека морало да се смени името, дека таму ни било иднината и дека ќе сме процветале, дури и името не било лошо, знаете “северна” и не било така лошо име, па све било боље од бивша( а толку се неписмени не можат да разграничат референца за надворешна употреба со официјално име на држава).

Епа не можам јас така како вас, јас не можам да ви го сварам ова лудило, не сум толку луд ко вас, и мене не ме вработија во државна институција за мочани 300 евра па да ќутам сега и да пушам и да се одродам од своето. Сега според вас треба да му се намочам на гробот на прадедоми Коне Војводата (што е илинденец), па и на Михајло дедо ми што земал пушка на 16 години и отишол во НОВ. Сега треба да им се намочам на нивниот труд зашто сакале да ја видат Македонија обединета и независна еден ден. Сега треба да му се намочам и на татко ми во гробот и на иделогијата негова со која ме задои како дете и ме учеше дека ние не сме ништо друго освен македонци. Сега треба да им се намочам на сите егејци протерани од своите огништа, на сите цивили утепани, на секое дете што не си ја видела мајка си пола век само затоа што биле македонци. Тоа ли треба да си го направам и да се одродам од родот свој за да влезам во некоја унија како шутрак без корен, без идентитет и без достоинство, само зашто моите политичари се неспособни да ми овозможат подобар живот? Тоа ли треба да го проголтам и да ќутам како пичка некоја на колена и да си пукам во глава на референдум и да се пишам за да станам нешто што не сум???

Јас сум можеби сиромав ама сум македонец , и јас ја сакам оваа вукојебина. Јас немам алтернативна татковина, јас не планирам да бегам од овде. Јас останувам овде и ова овде е мојот дом. И овде ќе умрам, и тоа како македонец. Ако сте неспособни да ни донесете подбар живот одете си, кршете глава, или #ебетесимајката, еднoставно е! Ете, ќе дојдат други, и нив ако не ги бидува и тие ќе си одат, ама по никако нема да се прекрстувам во нешто што не сум, не сум бил и никогаш нема да бидам!

Да живее Република Македонија!!!

П.С Утре повторно се гледаме на улица, џабе не тепате! .!.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top