вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Руди Фернандез го продолжи договорот со Реал М. за уште две години

Шпанскиот кошаркар, Руди Фернандез (33) и следните две сезони ќе настапува за актуелниот шампион во Европа, екипата на Реал Мадрид, објавија тамошните медиуми. Тој го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до 2020 година, а во Реал М. е од 2011 година.

Една година подоцна замина во НБА лигата, во тимот на Денвер, но по една сезона повторно се врати во Мадрид. Негов матичен клуб е Хувентуд, а има играно и за Портланд. Фернандез со кошаркарскиот гигант има два титули од Евролигата и три од шпанското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top