петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Кривични за двајца пробиштипјани: Пред станица се заканувале по живот на полицајци, па нападнале еден

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.З. (24) и Д.З. (28), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 02.06.2018 година околу 02.15 часот пред полициската станица во Пробиштип пријавените упатувале закани по животот кон полициските службеници, а потоа и физички нападнале еден полициски службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top