среда, 18 јули 2018 | Вести денес: 76 ново

Чаир: Соседот со нож се обидел да ги ограби децата додека родителите биле на прослава

Синоќа било пријавено дека на ул. „376“, општина Чари, во куќа сопственост на Н.Ш., било извршено разбојништво во обид од страна на нејзин сосед.

Додека Н.Ш. и сопругот биле на семејна веселба, нивните три малолетни деца биле сами дома. Во еден момент соседот влегол насилно во куќата и со нож им се заканувал да му дадат пари. Потоа извршил пребарување по куќата и откако не пронашол ништо заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top