понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Во Македонија се прославува Меѓународниот ден на јогата

По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, ги покануваат сите на најмасовниот Јога час, кој ќе се одржи на 21 јуни, во 19 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Настанот ќе го отвори Индиската амбасадорка  Пуџа Капур, во присуство на членови од дипломатскиот кор од други амбасади, видни личности и медиуми.

И оваа година, одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата по четврти пат ќе го обедини целиот свет, сите земји, милиони луѓе без разлика на нивната боја, религиска припадност, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе мир во целиот свет. Колку повеќе се присутни, толку поубава енергија ќе се рашири низ етерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top