вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Инцидент ноќеска во Бутел: На скопјанец му фрлиле бомба во семејната куќа, експлодирала на балкон

Ноќеска околу 02.45 часот на балкон на првиот кат од куќата сопственост на Ј.Ч. (25) на ул.„Коле Канински“, општина Бутел, непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која експлодирала.

Од експлозијата била оштетена балконската врата, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top