понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 54 ново

Милошоски: Ни Црвенковски нема потпишано ваков штетен договор

Со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда која беше во наша корист. Дури и во меѓународниот суд на правдата има повеќе почит и владеење на правото, отколку што тоа го има Собранието на, сѐ уште, Република Македонија. Со ваквиот договор, Македонија се откажува од напорите и успесите на сите влади кои беа крунисани од 140 земји кои не признале под уставното име. Затоа е јасно зошто владата го злоупотребува европското знаменце. Не сака да има отворена и сериозна расправа. Сакаат што побргу да го изглааат и тоа е доказ дека договорот има фалинки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференцијата која ја одржа пратеничката група откако Собранието изгласа законот за ратификација на договорот со Грција да се донесе по скратена постапка.

– Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада, истакна Милошоски.

– Зошто ја избегнуваат матичната комисија која можеби ќе расправаше 3 или 13 дена?, праша Милошоски откако беше одлучено наместо во Комисијата за надворешна политика, каде претседател е Антонио Милошоски, спогодбата со Грција ќе се расправа во комисијата за Евроинтеграции во која претседател е Артан Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top