петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Владата го прекршува Деловникот за да го протукра договорот со Грција без дебата

Наместо во Комисијата за надворешна политика, со која претседава Антонијо Милошоски, спогодбата со Грција ќе се расправа во Комисијата за евроинтеграции, на чиешто чело е Артан Груби, бидејќи договорот е пристигнат во Собранието со европско знаменце.

На овој начин Владата, во недостаток на аргументи за постигнатиот договор со Грција, ја злоупотребува својата позиција за да ја протурка ратификацијата во парламентот со што помалку расправа.

Ова претставува злоупшотреба на Деловникот на Собранието, во кој децидно е пропишано дека меѓународни и билатерални договори се ратификуваат откако ќе поминат низ Комисијата за надворешна политика.

Вчера Милошоски изјави дека нема друга земја во Европа која меѓународните билатерални договори ги разгледува на комисија за евроинтеграции.

-Со тоа се изигрува процедурата за ратификација на договорот и се прескокнува матичното собраниско тело, слично како што беше направено со Законот за употреба на јазиците. Такви преседани не се случуваат во други парламенти. Доколку договорот одеше преку матичната комисија, расправата таму можеби ќе траеше два или, пак, дванаесет дена…, ама барем ќе се слушнеа сите аргументи. На овој начин, пак, се оневозможува поиздржана расправа за договорот, изјави Милошоски за „Независен весник“.

Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top