петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 92 ново

Силен зeмјотрес ја потресе Јапонија: Осака срамнета со земја, над 300 повредени, има и загинати (фото)

Најмалку три лица загинале, а повеќе од 300 биле повредени денеска во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој ја погодил Осака и други делови на западот на Јапонија, соопштила јапонската Метеоролошка агенција.

Според првите информации, меѓу загинатите има и 9-годишно девојче, кое е пронајдено мртво во училиште. Земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтер, најсилно го погодил подрачјето на Осака.

Потресот бил на длабочина од 13 километри на северот на Осака, а како што Агенцијата соопштила не предизвикал цунами и не се забележани абнормалности во нуклеарните постројки кои тука се наоѓаат.

Ова е најсилниот земјотрес кој го погодил овој дел на Јапонија од 1923 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top