понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 63 ново

Тирана: Верските лидери побараа од Меркел и Макрон почеток на преговори за Албанија со ЕУ

Првите луѓе на верските заедници во Албанија, упатија писмо до германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, со кое бараат на земјата да и се даде зелено светло за преговори со ЕУ.

– Во овој миг од голема важност, би сакале уште еднаш да истакнеме, дека ние Албанците сме дел од Европа. Ние сме дел од една историја, која се темели на европско потекло, историја која има корени стари илјадници години. Нè поврзуваат заеднички културни и социјални корени. Убедени сме дека патот кон Европската унија претставува дамнешен стремеж на нашите луѓе, како и вредностите на едно слободно општество каде секој може да ги остварува своите права, а правото на слобода и религија е од суштинско значење, пишуваат верските лидери.

Тие, како што велат, се благодарни на Бога за фактот дека историјата на албанскиот народ покажа вековна вредност на почитувањето на верските разлики, живеејќи заедно во хармонија како едно семејство.

Верските лидери упатуваат апел да ја прифатат искрената желба на сите Албанци и да ги поддржат во ангажирањата за Албанија како дел од Европа“.

– Патот кон Европската унија е особено критичен за нашата младина. Младите Албанци се рангираат меѓу најмоќните евро-ентузијасти, но сепак се чувствуваат фрустрирани, бидејќи, иако живеат блиску до своите европски пријатели, тие се исклучени од истите можности. Вашата поддршка е неопходна за Албанија во процесот на пристапување, во овој критичен момент кога вредностите на толеранцијата, солидарноста и човековите права се загрозени од радикализам, фанатизам и други идеологии слични на нив. Ве повикуваме да ја прифатите искрената желба на сите Албанци и да не поддржите во нашата заложба за Албанија како дел од Европа. Со жестока молитва, ја потврдуваме нашата заложба да останеме цврсти поддржувачи на европските вредности за општество со слобода, правда и просперитет за сите, стои во писмото.

Тоа е потпишано од Претседателот на муслиманската заедница,Скендер Бруцај, Поглаварот на Албанската православна црква, Анастасиос Јанулатос, како и првите луѓе на католичката црква, Ѓерѓ Мета, на бекташката заедница Хаџи Деде Едмонд Брахимај и на евангелското братство, Или Дочи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top