вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Демонстрантите порачаа: Македонскиот народ не го заслужи она што му се случи вчера

Македонскиот народ не го заслужи она што му се случи вчера вечер, да биде нападнат со бомби, порачаа вечерва на протестите пред Собранието на Република Македонија демонстрантите .

Тие велат дека народот има право да протестира и дека сакаат да испратат порака до, како што велат, нелегитимната власт, да се откаже од овие предавнички чинови.

– Ова е достоинствен протест, да го одржиме до крај. Ова е предавничко картелска власт, нема да ви важи ни Букурешт ниту Версај ниту Париз а ни Преспа. Ви се случува народ. Убав мој народе главата горе, на многаја лета народу македонски. Издржете нека не ве плашат. Против народ никој не може – порачаа демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top