петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 55 ново

Убедлив старт на Белгија на СП, ја победи Панама со 3-0

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3-0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2-0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3-0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top