вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

„Бакнежот на Јуда“

„БАКНЕЖОТ НА ЈУДА”
На сликава ги гледате бикот и неговиот газда. Газдата на бикот го раснел и чувал за да се бори во арена. Го продал, и отишол да ја гледа неговата прва борба. Исплашениот и раскрварен бик во рингот го здогледал својот газда надвор од арената и дотрчал накај него. Според изразот на неговото лице, очигледно е дека да знаеше да збори, ќе го замолеше за помош. Но, наместо помош газдата само го баци бикот и не направи ништо … Сликата е крстена „Бакнежот на Јуда“ и е влезена длабоко во аналите на тоа каков гнасен сој сме ние луѓето.
Јас лично не верувам дека постои нешто побрутално и помизерно од човекот.

(Фејсбук статус на Драган Јорданов)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top