понеделник, 12 ноември 2018 | Вести денес: 87 ново

Чомбе, главниот менаџер на скопските кафулиња и дискотеки е нов директор на Зоолошка

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го постави Ѓорѓи Галетановски–Чомбе за нов директор на Зоолошката градина на местото на поранешниот директор Јорданчо Милошевски.

Новиот директор Галетановски, Скопјаните го паметат како менаџер на скопските кафулиња и дискотеки, а од пред два месеци тој е вработен во Зоолошката градина.

– Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција. Зоолошката градина е лицето на градот и јас како вршител на должноста директор ќе работам и ќе дадам се од себе да го подигнеме рејтингот на највисоко ниво за посетителите од целата држава да уживаат кога се овде. Најпрвин ќе работиме на хигиената. Сепак тоа е најважниот дел. Слоновите пристигаат во август, а шимпанзата и другите нови животни ќе ги обезбедиме во септември – изјавил Галетановски.

Инаку, тој е дипломиран менаџер по човечки ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top