вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

За Коѕиас Заев е Македонец само според географска област

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањата на новинарите во однос на она што предизвика реакции во Грција, делот од вчерашниот говор на македонскиот премиер, кога ја употреби фразата „Македонците и Грците“, Коѕијас коментираше дека Заев се самоидентификувал според географската област.

– Треба да ја разграничиме историската грчка и античко-грчка Македонија од географската. Ако не го сториме тоа ќе се збунуваме. Заев се нарече Македонец врз основа на географската позиција каде што се роди и порасна. Дали целата географска област Македонија е грчка? Не, објасни Коѕијас.

Во однос на постигнатиот договор, Коѕијас објасни дека Грција се стремела кон три работи, да се смени името за да се разграничи од грчката Македонија, да биде ерга омнес и да се направат уставни промени.

– Оваа седмица земјата, Северна Македонија, ќе го ратификува договорот, потоа ќе се одржи референдум, ќе го смени Уставот и потоа ние ќе го ратификуваме договорот. Преземаат ризик бидејќи ни веруваат дека она што го кажуваме, тоа го мислиме,  рече министерот за надворешни работи на Грција.

Коѕијас истакна дека во регионот постои особена чувствителност кога се во прашање имињат,а нешто што не е поврзано со меѓународната политика, а како пример го спомена примерот што им го дава на странците: „млад маж запознава млада жена и се заљубуваат, се сакаат толку многу што решаваат да стапат во брак, а доаѓа и плодот на нивната љубов, да речеме еден син, и одеднаш по 10 години, заљубениот пар се кара за името на детето, дали ќе го добие по едниот или по другиот дедо“.

-Овде постојат 3, 4 решенија. Детето да добие трето име за да не се караат, да имаат среќа сватовите да имаат исто име, да се договорат да направат сложено име и да се вика на пример Јоргос-Константинос, каде следен чекор е од едната страна сите да го викаат Јоргос, од другата Константинос, а детето на училиште да добие сосема друго име, Дино, Аки и сл. А третата и најдобра варијанта е сложено име согласно и од двете страни, како што направи вчера Заев. Ова не е реалноста во нашиот регион? Врз оваа реалност се појави проблемот со името, рече Коѕијас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top