петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Синиша Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Спортинг Лисабон

Српскиот фудбалски стручњак, Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува најдоцна до утре да биде промовиран како нов тренер на Спортинг. Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и неколку од нивните најдобри играчи меѓу кои Руи Патрицио, Бас Дост и Бруно Фернандес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top