вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 98 ново

Му поставил незгодно прашање на премиерот: Стоилковиќ уапсен по наредба на Заев? (ВИДЕО)

На вчерашните протести пред Собранието на Република Македонија против промена на уставното име и штетниот договор со Грција, кои беа организирани од навивачката група “Комити, уапсен од страна на полицијата беше новинарот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ.

Полицијата закана по животите на новинарите: Новинарот на Инфомакс насилно внесен во марица (ФОТО +ВИДЕО)

 

Борбата за слобода во медиумите и слободата на говор, вчера се докажа дека не е ништо повеќе од фарса, празни зборови и демагогија која „големите од надвор“ сакаа да ја слушнат, објави порталот Инфомакс по апсењето на нивниот новинар  пред Собранието.

Спасовски суши лаже: Ова ли е 0 толеранција за загрозување на безбедноста на новинарите? (ФОТО+ВИДЕО)

Во полициските кулоари се зборува дека нарачката за апсење на новинарот Стоилковиќ била издадена директно од Зоран Заев. Причина било прашањето што му го поставил новинарот Стоилковиќ на прес-конференцијата на која Заев зборуваше за потпишување на договорот. Прашањето тешко му паднало на премиерот, што решил да се одмазди.

Во моментот кога Стоилковиќ постави прашање кое се однесуваше на Заев Дали договорот го правите како казна за македонскиот народ?” и веднаш кога сакаше да постави дополнително прашање, Заев му се обрати на новинарот со зборовите Прочитај, прочитај.

Другото прашање наменето за Заев Дали сте свесни дека вашето постапување го крши Кривичниот закон од членовите 308, 315, 316 и 327?, толку го изнервира премиерот, што е видливо на неговото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top