вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

27 април станува пракса на Заeв: Јанко Бачев уфрлен како Тројански коњ за да го скрши пркосот на народот

Власта во спрега со матни ликови и провокатори се обидува на граѓанските простести против промена на уставното име на државата да им даде проруски призвук и со тоа да ги делегитимира пред Европа и НАТО.

Доказ за ова е учеството на Јанко Бачев од единствена Македонија на синоќешните протести пред Собранието. Индикативно е присуството и однесувањето на Бачев, кој на протест за одбрана на македонското уставно име мавта со руско знаме.

Дали Јанко Бачев е новиот Тројански коњ за нов 27 април по мерка на Заев?

Бачев синоќа беше единствениот кој се качи на полициски транспортер, а еден од ретките кој излезе неповреден од протестите.

Тој поведе група од дваесетина луѓе, а додека траеше полициската акција мистериозно исчезна. Дополнителни дилеми кои денес се отвораат е зошто протестите се правеа пред Собранието, а не пред Владата, која го потпиша капитулантскиот договор, зошто Бачев мавташе со знаме од друга држава пред македонската институција Собрание на Република Македонија.

Очигледно дека Зоран Заев сака да доведе до нов 27 април, кој ќе треба да ја канализира енергијата на луѓето, а неговите опоненти ќе ги престави за радикален елемент.

Полицијата беше потполно подготвена и со јасни насоки да не се воздржува и со прекумерна сила да удри по својот народ, а на радикалните елементи кои правеа политички маркетинг од целата ситуација да им овозможи да го напуштат местото и неповредени мистериозно да исчезнат.

Нов 27 април му одговара исклучиво на Зоран Заев. Тоа ќе му помогне да ја пасивизира енергијата на луѓето и да го разбие прокосот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top